ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО СОВРЕМЕНИ УСЛОВИ

Македонската нација се создаваше во сложени историски услови. Во тешка борба со надворешните и внатрешните фактори се оформуваше свеста за припадност кон една - македонска - нација. Главните признаци на македонскиот идентитет - културата, јазикот, компактна опстојба - денес не предизвикуваат сомнение. Но условите за создавање самостојна македонска држава во почетокот на 90-те години беа исклуцително тешки, а пак првите две децении на постоење беа затемнети со цела редица околности, што го загрозуваат самиот идентитет.

Потрагите по национален идентитет (ние - тоа сем ние, а вие - тоа сте вие) претставуваат потраги по „своето„ „нашето„ не само во процесот на самоспознавање, на воспоставување на нацијата, туку и во определување на своето сопствено место во заемоодносите со современиот надворешен свет. Ако е збор за Македонија, тогаш денес прашањето за националниот идентитет изнурнува во постојан дијалог „Македонија - Европа„ во поставка на прашањето за европеизација на Македонија, за значењето на верскиот фактор и за православието. Нам ни зигледа, дека денес на Македонија и предлагаат својот национален идентитет да го замени со државен идентитет за да ја направат за Македонците помалку болна загубата на дел од суверенитетот во случај на влез во Европа, како и во случај на поделба на државната територија при определени услови. Освен тоа, во тек на многу години во Македонија, како впрочем и во други републики, се набљудуваше денационализација на државотворниот народ, што денес предизивикува чувство на опасност во македонската нација и природен отпор на ваквиот процес.

Сложеноста на ситуацијата, во која денес се наоѓа Македонија, ја диктира цела редица околности.

Не може еднозначно да ја дефинираме стабилноста и издржливоста на државната формација „Република Македонија„. Предлагам, макар и шематски, да ги разгледаме плусевите и минусите на факторите, кои влијаат врз ваквиот процес.

(со знак +) : држава признаена од ООН; (со знак -) : држава признаена под привремено име; (со знак +) : при обраќањето кон НАТО за присуство на своја територија, Македонија, како што се смета, ја избегна агресијата од страна на Србија во 90-те години; (со знак -) : при обраќањето кон НАТО за присуство на своја територија, Македонија изгуби дел од својот суверенитет; (со знак -) : настаните од 2001-та година покажаа, дека во случај на македонско-албански судар НАТО нема да ги подржува Македонците; (со знак +) : согласно Охридскиот договор, во Републиката настапи мирно време на коабитација на два народа; Албанците добија значителни привилегии во општините на живеење; (со знак -) : гореспоменатото може да постане отскочна даска за барања за федерализација на Македонија; (со знак +) : Македонија се стреми кон евроинтеграција и НАТО; (со знак -) : Македонија не ја примаат во европските структури и во НАТО; (со знак -) : непожелни перспективи за Македонија, сврзани со прогласувањето независност на Косово. Екстремистичкото крило на Албанците од Македонија тесно е поврзано со Албанците од Косово. Тие го чекаат својот час за да тргнат по патот на косоварите. Се очекува формирање на единиствен великоалбански фронт на албанците од Македонија и Косово. Да напоменеме, дека на 17 мај во Приштина, во лoкалната киносала “Дом на младината„ се формира “Движење за обединување“ со цел да ги “обедини албанските територии„. Во случај на албански бунт Косово ќе им даде воена и финансиска подршка на Албанците од Македонија; НАТО ќе остане неутрално во однос на Албанците и нема да им дозволи на Македонците да го задушат албанското востание. Македонците нема од кого да очекуваат помош.

Центр по изучению современного балканского кризиса Института славяноведения РАН готов объединить усилия с сербскими учёными и учёными других стран для изучения случая «Сребреница».

Уникална ли е македонскава ситуација? Оние, кои ја разгледуваат Македонија во услови на нормален постоечки свет, на сигурни меѓународни односи, на мултиполарни сфери на влијание, ги гледаат како стабилни и постапни перспективите за развој на државата. Меѓутоа има такви текови, кои се скриени од очите на обичниот човек.За да ја одгатнеме вистинската смисла на многу настани во светот ни овозможуваат редица материјали, книги и сведоштва на оние, кои ја диктираа судбината на светот во втората половина на 20 век. Ќе ја споменеме книгата на Американецот Николас Хагер “Синдикат„ - кој раскажува за заемната врска на настаните од недамнешно време, кои настанаа како резултат од константаната дејност на група лица. Авторот тврди, дека логиката на глобалните интереси не се состои во тоа да се создаваат национални влади, туку многунационални, регионални и дури глобални влади.Тогаш може да се отстраната разликите на пари, армии, даноците на увоз и извоз. Ќе може да се концентрираме на зголемување богатство без да ги трпиме превртливите стеги на националните држави. А по правило, националните држави се управуваат според интересите на народите на тие земји, а не според мнoгунационалните, глобални интереси. Глобалните корпорации, организации, кои се способни да влијаат и да дејтвуваат, авторот ги нарекува “Синдикат„. Николас Хагер во својата книга ги разгледува прашањата за потеклото на Синдикатот и неговата природа. Интересно е да се прочита за тоа, како Михаил Горбачов, кој во 1984 година стана член на француската масонска ложа “Големиот исток„ започна одвнатре да ја урива советската империја, следејќи ги плановите на Синдикатот за обединување на Источна и Западна Европа во Соединети Европски Држави.

Опишувајќи ја балканската криза, Николас Хагер упорно на тоа, дека новиот светски поредок стои зад конфликтите во бивша Југославија. Македонија Бугарија и Албанија, пишува авторот, САД на стојуваат да ги претворат во американски протекторати и да ги отргнат од германско влијание.

Во услови на глобализација станува очигледно, дека на смена на националните влади и на националните суверенитети се наметнува наднационална управа, која има интерес да ги отвори границите за финансиските и трговските текови. Оттука станува јасно зошто се подржува дробењето и фрагментацијата на државите, во прв ред на постсоветскиот и постјугословенскиот прстор, се подржува секаков национализам на возбунтуваните народи. toа се прави поради неколку причини: да се покорат непокорните, да се направат послушни непослушните, да се завладејат природните богатства, да се отворат ( и избришат) границите и така натаму ( итн.).

Доминацијата во економската и во политичката сфера претпоставува безусловно потчинување. Но не се согласуваат сите влади со условите на САД. Затоа во втората половина на дваесеттиот (20) век САД изработија повеќе начини за тоа како да ги присилат на потчинување непокорните земји, непокорните политичари. За последниве шеесеттина (60) години американската влада се обиде да организира преврати во педесеттина (50) земји, при што во над половина тоа им успеја (во Иран, Гватемала, Венецуела, Бразил, Чиле, Панама,, а во поново време - во Србија, Украина, Грузија). Денес методиката на потчинување е изгланцана. Секоја држава има болни точки, и притискајќи ги истите, таа држава може да се стави на колена. Од сиромаштија и неправдини може да се култивира уличен бунт, а од застарени меѓунационални конфликти - погроми и крвава сеча. Може да се завадат елитите, партиите, клановите, бизнис интересите, тајните служби, воените лица. Може да се посее паника и страв, да се направи така, што обичниот човек во секој момент да престане да разбира што и како се одвиваат работите околу него. Балканската криза ни дава недоброј успешни примери за таквата дејност.

Имено ваквите плусеви и минуси во заемните односи со меѓународниот фактор, поставени на вага, ќе ја определуваат државната стабилност на Македонија, а тоа ќе рече и оние услови, во кои треба да цвета и да крепне идентитетот на македонската нација.

________
Е. Гускова


2008

-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~
[Латиница] [Ангелина]

Опубликовано:
«Транзициите во историјата и културата. Скопје: Инст. за национална историја. 2008. С. 255-260.»
Сокращено:
Нет
Дата:
2008
Переведено:
Нет

Тражити:

Координатор пројекта:
Д. Лабан <info@laban.rs>

© 2003–2017 Ј. Ј. Гускова
Сва права заштићена.

Страница саздана: 2008
Последња модификација: 2017-12-06