Notice: Undefined index: site_css in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_all_ut.php on line 54

Notice: Undefined variable: i in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_dv_ru.php on line 26

Notice: Undefined variable: i in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_dv_ru.php on line 26

Notice: Undefined variable: i in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_dv_ru.php on line 27

Notice: Undefined variable: i in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_dv_ru.php on line 28

Warning: Use of undefined constant path - assumed 'path' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_dv_ru.php on line 30

Notice: Undefined variable: dirLink in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_dv_ru.php on line 34

Notice: Undefined variable: chain in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_dv_ru.php on line 52
Начало > Работы > Из истории югославян > 1998-may

Судбината на Македонците — жртви на репресиите од конфликтот Сталин - Тито

Конфликтот од 1948 г. им нанесе сериозна штета не само на совестко-југословенските односи, но се одрази и на внатрешно-политичката ситуација во Југославија. Требаше да се навикнуваш, условно речено преку ноќ. Секој граѓанин на големата и многунационална Југославија требаше лично за себе да реши за кого е: за Тито или за Сталин. Да се одговори на тоа прашање беше тешко. Сталин беше симбол на победата над фашизмот и цврстото воено другарство. Суштината на конфликтот не му беше јасна на обичниот човек. Кога сепак требаше да да даде одговор на тоа прашање, многумина одговараа: за Русија. Таков одговор не му одговараше на раководството на Југославија, и луѓето се наоѓаа зад решетки. Тркалото на репресивниот механизам почна да се врти со несвојствена брзина, бидејќи цврстите луѓе и непоколебливите комунисти не сакаа да ги менуваат своите убедувања. Бројот на уапсените растеше, и резултираше со создавање на цел систем на концентрациони логори.

Архивите содржат големо количество документи за репресиите до 1948г. Извршени се научни истражувања во Хрватска од страна на Берислав Јандрич, Црнагора — Милинко Стојанович, Србија — Д. Маркович.

Според некои податоци, во периодот од 1948 до 1952г. вкупниот број на следбеници на Информбирото (ИБ) изнесуваше 55 663 . Цифрата е многу голема, бидејќи во тоа време ги апсеа сите по ред — сите, во кого се сомневале, за кого се пишувале полициски дојави, и кои потенцијално можеле да ги поддржат решенијата на ИБ. Во тој список, првото место удебливо им припаѓа на Србите со 28661 лице ( повеќе од 50% од вкупната бројка), потоа доаѓа Хрватска со 6953 и Војводина со 5389(2) . Меѓутоа бројот на затворени и осудени на казна бил значително помал и изнесувал 16.731

Од нив 7235 биле Срби или 43,2%, Црногорци — 3439 или 20,5%, Хрвати имало 2588 или 15,5%, Македонци — 883 или 5,2%. Меѓутоа, доколку се погледне процентот на уапсените во однос на вкупниот број население по републики, тогаш излегува дека, на прво место се наоѓаат Црногорците со 0,73%, а потоа националните малцинства Бугарите со 0,4%, Италијанците исо 0,16%, и дури потоа следуваат Србите со 0,1%, Македонците со 0,09% и Хрватите со 0,06%(3).

Од укажаната бројка од 16694 лица, 11694 биле изолирани од општеството, во затвори и логори(4) . За Голи Оток во Југославија знаеле сите. Оние кои преживеале, обично говореле: “Она што ние го преживеавме во тие години, при апсењето и во логорите, е најсташното нешто што човек може да го преживее во својот живот„. И навистина, “системот на превоспитување„ кој се применуваше во логорите, бил систем на итромански мачења и сквернавење на личноста, кои тешко можеле да се преживеат.

Во македонскиот државен архив јас дојдов до интересен документ, кој датира од 29 јануари, 1964г. Се работи за информација на Управата за државна безбедност на Македонија за положбата на бившите приврзаници на ИБ(5) . По барање на Сојузниот секретаријат за внатрешни работи во Македонија внимателно го истражиле тоа прашање и дошле до заклучок, дека «добар дел од овие средини наполно раскрсти со старите разбирања. Процесот на диференцирање, кој сеуште трае, укажува на фактот да оваа категорија с?е помалку преставува потенционална снага на реакцијата».

Овој документ ги менува цифрите, кои се наведуваат во литературата. Во него се вели, дека во Македонија постојат околу 2604 лица — бивши приврзаници на РИБ. Според степенот на пројавената активност тие беа групирани во четири категории. Во документот се дава подробна карактеристика за тие луѓе по професија, образование, партиско членство. Во моментот на изјаснувањето за ИБ-е истите по занимање биле: службеници - 1249, работници - 287, припадници на ЈНА - 184, студенти - 187, земјоделци -167, занаетчии - 158, службеници на внатрешни работи - 76 (УДБ-а 19 и од останатите служби на ресорот 57), слободни професии (уметници, лекари, инженери и др.) — 69, ученици - 61, професионални партиско-политички работници - 18 и тн. Од горните 176 лица имаа факултетско образование.

Од вкупниот број бивши приврзаници на ИБ, 1190 биле уцесници на НОБ ( од нив 67 носители на "Споменица 1941 год.", 153 учесници на од 1941 год. без споменица). Инаку во времето на изјаснувањето147 лица беа партиски функционери.

.

Кон бившите приврзаници на ИБ беа превземени следните мерки: од редовните судови бе асудени 90, од војните судови беа судени 124, на казна со општествено корисна работа беа осудени 546, на казна со заштитна мерка 3, уапсени но потоа пуштени на слобода без изречена казна - 48, сменети од одговорни функции без да бидат уапсени - 26, без казна според Кривичниот закон, но исклучени од КПЈ - 301, исфрлени од ЈНА - 21 и пензионирани од ЈНА 6 лица.

Анализата е вршена после 17 години од примената на казната или од нејзиното изрекување, па затоа важно е да се погледне, како се одвивала судбината на осудените во тие години, уште повеќе, што средината на 60-те е период на почеток на појава на либерализмот во Југославија, кој во секоја република имал свои специфики. Компетентните органи констатирале, дека во Македонија "голем број од нив се вклучени во нашиот општествен живот", а има "релативно мали број екстремни непријателски елементи". Само во СКЈ повторно се примени 492 лица, додека бројот на оние кои се активно вклучени во општествено-политичките организации и разни здруженија е далеку поголем. Добар дел сеуште не се членови на СКЈ од причина што се воздржуваат да поднесат молби за прием од страв да не бидат одбиени и што некои основни организации на СКЈ пројавуваат претерана скепса и недоверба спрема нив. "Запазено е да таква недоверба сеуште често се манифестира и е една од причините за неприфаќање на позитивни лица од овие средини. Дури има и случаи на неприфаќање и одбивање на молбите за прием во СКЈ од страна на поединци кои со своето држење и активност заслужуваат да бидат членови на СКЈ".

Во документот се тврди, дека спрема бившите приврзаници на ИБ не се правени никакви ограничувања, иако од преживеаните голооточани во другите републики ние знаеме, колку било тешко да се вклучиш во живот после издржување на казната. Во Македонија од вкупно 2604 бивши информбировци само 16 не се вработени и бараат работа, а 2349 се вработени на работни места "кои одговараат на нивните квалификации". Карактеристично е тоа, што приличен број ИБ-овци се наоѓаат на повисоки работни места за разлика од оние кои ги имаа во времето на изјаснувањето. Меѓу другото, се наведува пример, дека порано меѓу нив тогаш имало 5 адвокати, а денеска се 10, судии 28, бројката на новинари од 19 се искачила на 29. Освен тоа, 215 добиле нови станови. Додека само 17 се без нужно сместување.

Во документот се укажува и на тоа, дека бившите ИБ-овци не биле ограничени ниту во можноста за патување во странство. Така 480 ИБ-овци поднеле барање за патување во странство од кои 444 добиле пасоши, а само 36 се одбиени.

Ете каква речиси идеална слика ни е представена во Македонија. Се смета, дека е дојдено време комплексно да се истражува темата Голи оток и другите логори на територијата на Југославија во периодот 1948-1952 г. според архивските материјали во сите републики на бивша Југославија. Што се однесува на Македонците, потребно е внимателно да се проучи судбината на тие луѓе.

На пример, во еден од најсуровите логори — „Р-101„ Петрова рупа или „логор во логор„ на Голи оток, логор за сите непоколебливи партиски кадри и воени лица со највисоки чинови, ние меѓу нив наоѓаме и Македонци. Од 128 осуденици, кои биле во Петрова рупа од 1948 до 1952г. имало 6 Македонци:

1. Трајче Мишковски — војувал во Шпанија (шпански борец), мајор, револуционер со предвоен стаж, заменик претседател на Синдикатот на Македонија.

2. Димче Хаџимитревски — военно-партиски раководител, обвинител на Скопје.

3. Петар Пецо Филиповски — судија.

4. Драгиша Урдаревски — студент.

5. Любен Цветков — државен функционер.

6. Илија Митревски — судија на Врховен суд на Македонија.

Според терминологијата на Голи оток, тоа била „тешка и непоправлива банда„. Всушност, се работи за цврсти луѓе и смели партиоти. Нивните имиња треба да се знаат во Македонија.

Доктор исторических наук
Гуськова Елена Юрьевна

Список источников и литературы

  1. Markovic D. Josip Broz i Goli Otok. — Beograd: Beseda, 1990. — S. 23.
  2. Jandric B. Nacionalna i socijalna struktura ibeovaca iz Hrvatske na Golom otoku u razdoblju 1949. - 1952. // Casopis za suvremenu povijest. — Zagreb, 1993. — Br. 2-3. — S. 193.
  3. Markovic D. Op. cit. — S. 24-25.
  4. Ibid. — S. 25.
  5. Архив на Македонија. Ф. 427 ЦК на КПМ/СКМ (1945-1990). Кн. 101. Кут. 13. С. 182-185.

________
Опубликовано: Рукопись статьи для сборника (издание - в 2012 г.).



Notice: Undefined index: HTTP_ACCEPT_ENCODING in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_gzip7.php on line 46

Notice: Undefined index: HTTP_ACCEPT_ENCODING in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_gzip7.php on line 47

Notice: Undefined variable: HTTP_ACCEPT_ENCODING in /home/www/s2443/public_html/guskova.info/n/tools/_all_ut.php on line 3